Потполно хаотична ситуација владее во американскиот град Фергусон, каде граѓаните протестираат во знак на револт поради убиството на црномурестиот тинејџер Мајкл Боаун од страна на полицијата.
Растат тензијата и расните немири. Синоќа деветта ноќ по ред демонстрантите жестоко ја нападнаа полицијата и уништуваа продавници и приватни објекти.
Полицијата по неколкуте предупредувања употребила солзавец за да ја растера толпата и да спречи ескалација. Вклучени биле и оклопни возила и хеликоптери, а според медиумите на покривите од зградите имало и снајперисти.
На втората видео снимка може да се забележи како полицијата отвора оган со гумени куршуми врз демонстрантите кои мирно протестираат.
Во близина на американското гратче Фергусон се случи уште еден смртен инцидент. Полицајците во Сент Луис убиле еден осомничен, кој бил вооружен со нож.
Човекот, Афроамериканец, извикал „Убијте ме сега“ и им се приближил на полицајците, соопшти шефот на полицијата во Сент Луис, Сем Дотсон, преку Твитер. Полицајците прво упатиле усно предупредување, а потоа, „загрижени за својата безбедност, пукале.“