Два спомениката на британските кралици Викторија и на Елизебета Втора, се урнати во текот на протести поради повеќето стотици гробови на домародни деца на територијата на некогашните школи во Канада.
Мноштвото извикуваше „нема гордост во геноцидот“, пред да ги урна статуите на монарсите. Инцидентот се случи на Денот на Канада во четвртокот, кој традиционално се одбележува ширум земјата.
Но многу канадски градови се откажаа од прославата годината. Скандалот со домародните деца ги натера Канаѓаните да се соочат со своето колонијално минато.
Речиси илјада неозначени гробови се принајдени во поранешните резиденцијалнио училишта во покраините Британска Колумбија и Саскачеван, со кои управувале Католичката и Протестантстката црква а ги финансирала владата.
Во период од 165 години властите присилно ги одвојувале домородечките деца од нивните семејства, со цел да се превоспитаат на културата на колонизаторите. Биле изложувани на физичко и сексуално злоставување како и слабо исхранувани, што Комисијата за вистина и помирување во 2015 година го нарече „културен геноцид“.
Во градот Винипег, во покраината Манитоба, масата навиваше додека се уриваше скулптурата на кралицата Викторија. Демонстантите, повеќето во портокалови облеки, танцуваа околу урнатиот споменик измачкан со црвена боја. Урната е и скулптурата на кралицата Викторија Втора во близината.
Протестите во знак на поддршка на децата од автохтоните народи се одржаа во четвртокот и во Торонто, канадската финансиска престолнина, додека маршот по ознаката #CancelCanadaDay во главниот град Отава привлече илјадници луѓе за поддршка на жртвите и преживеаните од споменатиот образовен систем.
Одржани се и бројни собири за бдеење ширум Канада. Портокаловата боја стана симбол на движењето, а многимина носат облека во оваа боја.
Во својата порака по повод Денот на Канада, премиерот Џастин Трудо, изјави дека откривањето на останките од децата „со право притиснаа на размислување за историските неуспеси на нашата земја“. „Домародната заедница и многу други во Канада сѐ уште се соочуваат со неправди“, додаде Трудо.
https://www.youtube.com/watch?v=kQaxHrVWZy0