ВИДЕО: Реал Мадрид пристигна во Скопје!

Фудбалерите на европскиот првак Реал Мадрид пристигнаа во Скопје, a капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос ја поздрави Македонија на социјалните мрежи.

Скопје денеска и утре е центар на фудбалска Европа, Реал Мадрид утре во 20:45 го играат натпреварот од Суперкупот на Европа против освојувачот на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед.

Иако неговиот настап за Суперкупот беше под знак прашалник, во Скопје со тимот на Реал Мадрид, пристигна и најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо.