Алекс Крофорд, репортерка на британскиот Скај, се вклучи во програмата на телевизијата од епицентарот на еден од пожарите во близина на летувалиштето Бодрум во Турција и соопшти дека ситуацијата е крајно сериозна, како и дека пожари се закануваат на целото подрачје околу Бодрум.
– Погледнете го овој оган, погледнете го овој пламен покрај нас и тоа ви зборува колку брзо се шири. Само што дојдовме од тој пат, а тој сега е под оган. На крајот на тој пат е мала населба со неколку илјади луѓе во близина на Бодрум. За само 20 минути огнот проголта сè што е зад нас – вели репортерката.
Таа вели дека во текот на пожарот имало голема паника во населбата и дека десетина луѓе трчале за да избегаат од огнот.
– Ние таму стасавме рано изутрина, но силниот ветер е виновен за целата ситуација. Ајде да се поместиме уште напред, не сакам да останеме заробени. Во населбата имаше паника бидејќи беа до патот, а немаше пожарникари, луѓето зедоа вода од бунарите и се обидуваа да го изгаснат огнот – вели Крофорд.
Таа вели дека имало малку пожарникари и дека и тие биле лути.
– Ердоган рече дека нема доволно и дека огнот е многу силен. Мира да се тргнеме, мора да го прекинеме преносот бидејќи огнот е преблизу – вели новинарката.
'Firefighters are being completely outpaced by the flames and the fire.'
Our special correspondent @AlexCrawfordSky reports from Bodrum in Turkey, where wildfires are burning out of control.
Read the full eyewitness report: https://t.co/EXbYVzYoA7 pic.twitter.com/7x0UtG6Nyj
— Sky News (@SkyNews) August 2, 2021