Група рибари од Флорида го снимила моментот кога риба чудовиште проголтала ајкуланедалеку од крајбрежјето.
Двајцата рибари успеаа да фатат бела ајкула долга 1.2 метра која се обидувала да се спаси и да се оттргне од јадицата. Но, прашањето кој е посилен, дали рибарите или ајкулата, го реши сосема трета страна, односно морскиот голијат кој се реши да ги преземе нештата во свои раце, односно во својот стомак!
Epinephelus itajara е редок вид на морска риба која е исклучително загрозена и е во голема опасност од изумирање. Сепак, таа се’ уште се бори и се обидува да докаже дека е далеку помоќна од она што ние го знаеме за ајкулата!