ВИДЕО| Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење, порача Песков

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење.

Рускиот претседател Владимир Путин предизвика загриженоста на саботата кога на крајот од февраури, како што рече, како одговор на „агресивните изјави“ од Западот, наложил сулите за одвраќање на руската армија да бидат ставени во посебен режим, соопшти Кремљ.

Реакцијата на рускиот претседател следуваше откако по почетокот на руската офанзива во Украина низа земји членки на НАТО најавија големи пратки на оружје за украинската армија, а шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, во неделата најави дека ќе предложи испораки на смртоносно оружје за Украина финансирани од специјалните европски фондови.

Песков во вторникот наведува во дека целта на, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина не е окупација на земјата, пренесе ТАСС. Според него, никој во Русија не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и посочи дека целата кампања сѐ уште се планира.

„Специјалната воена операција во Украина се одвива јасно во рамките на однапред одредени планови и задачи“, рече Песков

Запрашан за нуклеарното оружје, што постојано му се поставува како прашање од почетокот на руската инвазија, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.

„Имаме концепт на домашна безбедност и тој е јавен, можете да ги прочитате сите причини за користење на нуклеарното оружје. Значи, доколку тоа е егзистенцијалната закана за нашата земја, тогаш (нуклеарниот арсенал) може да се користи во согласност со нашиот концепт“, рече Песков.

„Нема други причини кои се споменати во тој текст“, рече портпаролот на Кремљ во натамошниот осврт на рускиот безбедносен концепт

Во интервјуто зборувајќи и за состојбата во Мариупол, вели дека главната цел на руската војска таму е да „го исчисти градот од националистичките единици“.