ВИДЕО| Русија ги обвини Украина, САД и Британија за нападот врз Кримскиот мост

Русија во понеделникот ја обвини Украина за напад врз Керченскиот (Кримски) мост кој ја поврзува Русија со црноморскиот полуостров Крим, додавајќи дека во инцидентот се вмешани и Велика и Британија и САД.

„Денешниот напад врз Кримскиот мост го изврши режимот во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите обележја на меѓународна група на организираниот криминал“, изјави на брифингот портпаролката на руското Министерство за надворешѓни работи, Марија Захарова.

„Одлуките ги носат украинските функционери и војската со диркетно учество на американските и британските разузнавачки служни, ментори и политичари. САД и Велика Британија се на чело на терористичката државна структура“, додаде Захарова.

Извор од украинското разузнавање СБУ изјавил за AFP дека урканските специјални служби и помиорските сило стојат зад нападот врз мостот со помош на „поморски дронови“.

„Денешниот напад врз мостот за Крим е специјална операција на СБУ и морнарицата“, изјавил изворот додавајќи дека „мостот е нападнат со помош на поморски дронови“.

Керчкиот или Кримскиот мост се смета за клучна линика за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен во „вонредна ситуација“ во која загинале две лица и повредено е дете, станува збор за семејство од Белгородската област, соопштија во понеделникот руските власти.

Украинските медиуми известија за експлозии на мостот. Истовремено, известија дека по ноќните напади врз украинските градови вклучително и Киев, утрото следел масивен ракетен напад врз украинскиот глевен град.

Кримските власти препорачаа во следниот период да се избегнува Керченскиот мост, и да се користат алтернативните правци за патувања на полуостровот, иако во употреба се другите неоштетени линии на мостот.