Русија во неделата го извела воздушниот бапад врз украинската воена база близу градницата со Полска истрелувајќи крстостувачка ракета од воздух од рускиот воздушен простор, изјавил во понеделникот висок американски функционер.
Соговорникот на агенцијата Reuters, кој зборувал под услов да остане анонимен, рекол дека нападот врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност Јаворив на само 25 километри од границата со Полска, нема да влијае врз големата воена помош којашто Западот ѝ ја дава на Украина.
Нападот следеше ден отакако заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков предупреди дека конвоите со оружје коишто Западот ги испрача во Украина, ќе бидат сметани за легитимни воени цели на руската војска.
Американскиот функционер рекол и дека во време на рускиот напад во базата немало американски војници, лица под договор ниту цивили кои работат за американската влада.
Објектот на 360 квадрати километри на помалку од 25 километри од границата на Полска, е еден од најголемите во Украина и најголемиот во западниот дел на земјата и во тој дел на Европа. Украинските власти потврдија дека претходно во таа база работеле странски воени инструктори од земјите членки на НАТО, а амбициите на Киев да стане дел од Алијансата е една од причините за руската офанзива.
Според регионалниот гувернер Максим Кизицкиј во неделниот напад загинале најмалку 35 лица, а уште 134 биле ранети, но не прецизираше дали станува збор за припадници на украинските безбедностни сили и за нивната националност.
Подоцна во неделата руското министерство за одбрана во нападот на руските воздухопловни сили со високопрецизно оружје во центарот за обука на укранската војска убиени се 180 странски платеници и уништени големи количеста вооружување коешто го испорачале западните и други земји.