(ВИДЕО) Русија го тестираше новиот хиперсоничен проектил во Црното Море

Рускиот претседател Владимир Путин лично присуствуваше на лансирањето на хиперсоничниот проектил во текот на заедничките маневри во четвртокот на Црноморската и Северната флота во водите на Црното Море.

Како што објави телевизискиот канал на руската армија Звезда, во маневрите кои вклучувале ракетни гаѓања учетвувале екипажите на фрегатата „Адмирал Григорович“, малиот ракетен брод „Орехово-Зуево“ и подморницата „Колпино“. Во прилогот се истакнува дека ракетите прецизно го погодиле зададените цели, за кои не се соопштива каде биле лоцирани.

Биле истрелани повеќе крстосувачки ракети од типот „Калибр“, а покрај тоа, „успешно бил тестриран“ и хиперсоничниот аеробалистички проектил „Кинџал“, како и други видови проектили во вооружувањето на воздушните и поморските сили.

Во маневрите биле вклучени повеќе од 30 пловила, подморница и над 40 летала на руските воздухопловни сили, меѓу кои повеќенамеснки ловци од типот „Су-30СМ“, бомбардери „Су-24М“ и стретешки бомбардери носачи на ракети „Ту-95“.

Лансирањата на проектилите од ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ го следел рускиот претседател Владимир Путин, придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Крстосувачките/крилести ракети „Калибр“ се едно од најефикасните оружја на руската армија, со кои се вооружени борбените бродови и подморниците на руската морнарица. Тие беа масовно користен за време на операцијата во Сирија, кога според експертите покажале високи тактичко-технички карактеристики,

Хиепрсоничниот проектил „Кинџал“ е во состав на руската армија од 2018 година. Достигнува брзина до 10 пати поголема од брзината на звукот, достигнува височина до границата на стратосферата и маневрира во текот на целиот лет.