(ВИДЕО) Русија го започна развојот на својата вселенска станица

Руската вселенска агенција Роскосмос, објави во вторникот дека започнува со спроведување на планот за првиот основен модул за новата руска орбитална станица преку ракетно-вселенската корпорациа (РКК) „Енергија“, во настојувањата Русија да ја воспостави свијата станица до 2025 година бидејќи сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Челникот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, објави на својот официјален акаунт на Twitter дека започнало градењето на првиот модил од новата станица, откако руските функционери предупредија дека Русија во контекстот на зголемите притисоци преку санкции врз неа разгледува да ја напушти ISS, една од ретките области на соработка меѓу Москва и Западот.

„Се работи на првиот модул на новата руска орбитална станица“, соопшти Рогозин. Шефот на Роскосмос додава дека руската корпорација „Енергија“ планида модулот да биде „подготвен за лансирање“ во 2025 година.

Ставена во функцина во 1998 година, Меѓународната вселенска станица е еден од најамбициозните проекти на соработка на човештвото во историјата. Во неа учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција (ESA).

Заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов неодамна рече дека Москва разгледува напуштање на ISS од 2025 година поради застареноста на оваа орбитална станица и големите трошоци за нејзино одржување и санирање. Од Роскосмос во понеделникот, пак, соопштија дека одлуката за напуштање на станица сѐ уште не е донесена.

„Кога ќе ја донесеме одлуката ќе преговараме со нашите партнери за формите и условите за соработка по 2024 година“, неведоа од Роскосмос.

Русија од минатата година го загуби монпополот за испраќање на астронаути на ISS од космодромот во казахстански Бајконур, по првата успешна мисија на американската компанија „SpaceX“, од космодромот Бајконур во Казахстан. Меѓутоа, Роскосмос одговори со неколкуте пробни летови до ISS за рекордни три до три ипол часа лет со човечки екипаж кои се одвиваат со кратки и ултракратки шеми на конвергенција.