ВИДЕО| Русија извести дека на Украина ѝ заробила американско борбено возило

Руската телевизија емитуваше снимки за кои наведува дека го прикажуваат американското борбено возило „Bradley“ на боиштето во Луганската област откако било запрено со руски оган, а украинскиот екипаж побегнал.

Во емисијата во ударен термин на првиот канал на руската телевизија беше укажано дека заробувањето на возилото „Bradley“ коешто е функција, едно од неколкуте десетици кои САД ѝ ги испорачаа на Украина оваа година, ќе ѝ овозможи на руската војска да ги утврди неговите ранливи точки.

Претходно во јуни, две седмици по почетокот на долгонајавуваната украинска противофанзива, американскиот магазин Forbes објави дека украинсите сили загубиле 16 американски борбени оклопни возила „Bradly“, од 59 тогаш испорачаните.

Сега емитуваниот прилог содржеше интевјуа со неколку неименувани маскирани припадници на два руски воени тима задолжени за заробување на борбени возила од западно производство.

Рекоа дека по возилото заминале затскриени од темнината и гистата магла во ткн „сива зона“, на околу 500 метри од позициите на украинските сили, како и дека го влечеле меѓу минските полиња откако првиот обид не им успеал.
Возилото прикажано на снимките е преполно со дупки од куршуми, за кои беше кажано дека ги направиле украинските беспилотни летала во обидот да уништат што е можно повеќе високотехнолошка опрема во возилото кое го напуштиле.

На снимките беше прикажан куп мунуција за тешки митралези и топовски гранати со жолт врв.

Еден од припадниците на споменатите томови за заробување опрема рекол дека според првичната проценка станува збор за надградена верзија на „Bradly“ со засилен мотор, поодбрена „динамичка заштита“ на оклопот од артилериски оган, како и подобрени систем за ноќно набљудување и наведување. Рече и дека километражата на возилот изнесува само околу 240 километри.

Во август годинава руското Министерство за одбрана на саем на вооружување во Москва изложи зачувани запленети борбени возила од западно производство испорачани на украинската армија. Меѓу нив британските оклопни возила „Husky“ и „Mastiff“, како и оклопниот транспортер „AT-105 Saxon“, австралиското борбено оклопно возило „Bushmaster“, американскиот оклопен транспортер „М-113“, шведското борбено возило за пешадија „CV90-40“ и францускиот тенк на тркала „АМХ-10RCR“. Во описот на „експонатите“, инаку, беше наведено на која локација и во какви околности била запленета конректната опрема.