Припадниците на руската војска и на пограничните сили спречиле нелегално преминување на државната граница од страна на диверзантско-извидувачка група од територијата на соседна Украина, при што неутрализирани се пет лица, соопшти во понеделникот службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ.
„На 21-ви февраури 2022 година, околу 6 часот по московски време, во областа на населеното место Митјакинскаја, во Ростовската област, на делот од државнага граница на Руската Федерација со Република Украина, граничната патрола на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) откри навлегување на довезантско-разузнавачка група“, пренесува агенцијата ТАСС.
Во цитираното соопштение се истакнува дека „како резултат на судирот уништени се пет лица кои ја преминале границата од составот на диверзантско-разузнавачката група“.
Две пешадиски борбени возила на украинската војска навлегле на руската територија за брза евакуација на диверзантската група, но двете возила биле уништени од противтенковско оружје на руските погранични сили, се тврди во соопштението. Се додава дека во инцидентот нема повредени припадници на руските сили.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Киев не извршик никакви напади врз одментатите самопрогласени републики во Донецк и во Луганск, како и дека не диверзанти со оклопни транспоретери преку границата и оти не било стреналоно кон руската територија.
„Категорично ги отфрлам дезинформациите од Руската Федерација, Икрана не го нападна Донецк, Лугансм, не испрати диверзанти или окплони возила преку границата, не стрелаше кон територијата на Руската Федерација или кон граничниот пункт, не изврши саботажи. Не се планираат такви дејствија. Барам од Руската Федерација веднаш да ја запре фабриката за лажни вести“, напиша министерот Кулеба на Twitter.
Претхoдно во понеделникот руското разузнавање ФСБ објави дека граната истрелана од украинска територија целосно уништила нејзин набљудувачки пункт во регионот на Ростов, што беше негирано од Киев.
„Во 9,50 часот неидентификуван проектил истрелан од украинска територија целосно уништи пункт на граничната стража на ФСБ во Ростовскиот округ, оддалечен околу 150 метри од руско-украинската граница“, се наведува во посебното соопштение.
Агенцијата РИА пренесе видео-снимка која ја објавило ФСБ, на која се гледа уништен спореден објект.
ФСБ објави дека нема жртви во тоа гранатирање, а Украина ја отфрла одговорноста за тој инцидент кој се случува во периодот кога САД тврдат дека рускиот напад врз соседната земја е можен во секој момент.
Украина негираше дека гранатирала цел на руска територија. Украинската војска ја обвини претходно Русија дека објавува наводно лажни фотографии од паднати украински гранати.
И во понеделникот продолжија меѓусебните обвинувања за пристигнување платеници од двете страни на линијата на раздвојување на конфронираните страни во источна Украина. Киев и Москва, исто така, продолжуваат да се обвинуваат за провокации и предизвикување инциденти кои би можеле да послужат како изговор за поширок воен судир.
Непријателствата се зголемија од минатиот четврток со интензивирањето на меѓусебните гранатирања, и тврдењата од двете страни за по неколку жртви во нив.