Руското министерство за одбрана соопшти во средата дека продолжува со повлекувањето на единиците кои беа распоредени на вежбовните задачи во близина на границата со Украина, но Киев и негови негови западни поддржувачи се сомневаат во тоа тврдење.
Неколку единици кои учествувале во маневрите на доминатно рускиот црноморски полуостров Крим, кој во 2014 година по превратот во Киев со два референдума си ја поврати автономијата укината во 1990-те години и излгаса присоединување кон Руската Федерација од чиј состав е издвоен во 1960-те години во Советскиот сојуз, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.
Новинската агенција РИА објави снимка на којашто се гледа тенковски вод и други воени возила како во текот на изминатата ноќ го минуваат Кримскиот мост кој е откако полуостровот се присоедини на континентална Русија.
Министерството за одбрана очекувано открива малку информација за силите кои се повлекуваат и за колку војници станува збор. Министерството во вторникот објави слично соопштение и наведе деак дел од силите, од Јужниот и Западниот воен округ во близина на границата по завршувањето на вежбите се враќаат во своите постојани бази.
Ваквиот потег на Москва, особено во Европа, беше примен со олеснување на надеж за скора деескалација во врска со ситуацијата околу Украина.
Меѓутоа, првенствено САД, па потоа НАТО и некои европски престолнити објавија дека се сомневаат во руските тврдења за повлекување и оти им е потребна „независна проверка“.
Засега западните сили не објавуваат како би се спровела таа проверка за веродостојноста на повлекувањето на руските единици. Тоа, сигурно, би претпоставило и барање на Москва за инспектирање на украинските сили на линијата на раздвојувањето со проруските бунтовници во Донбас, па можно и на силите на НАТО распоредени во соседните земји на Русија.
Западот сега се свртува кон инсистирањето Русија да ги повлече своите единици и од маневрите во Белорусија кои се одржуваат од 10-ти до 20-ти февраури. Имено, и Белорусија граничи со Украина, чија престолнија Киев е поблиску до заедничката гранциа, а Западот смета дека Русија ќе ја започне наводната инвазија и од овој правец.
Лондон десега не видел „никакви докази“ дека Русија ги повлекува војниците од позициите близу украинската граница, изјави во средата британскиот министер за одбрана, Бен Валас.
Токму Велика Британија и САД беа земјите кои објавија за наводни планови на Русија да ја нападне Украина и нивните разузнавања дури го објавија и точниот датум на „инвазијата“. Имено таа треба да се случи денеска – среда 16-ти февруари.
„Не видовме никакви докази за повлекувањето. Физичките набњудувања се во спроедтеивно со недоманешната реторика на Кремљ“, рече за Times Radio и BBC, министерот Валас кој имаше неуспешни разговори со рускиот колега Сергеј Шојгу.