Руската војска нанела удар врз комплекс на згради на фабрика за оклопни возила, и ремонтен завод крај Николаев и урнала украински авион крај Изјум, објави во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Нападот врз Киев го потврди и градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, а претставува реализација на заканите на Русија за напад врз командните места во градот доколку продолжат украинските напади врз нејзина територија.
„Со воздшно лансирано оружје со голема прецизност со долг дострел уништен е производствен комплекс за оклопни возила во Киев и ремонтерн завод за воена техника во Николаев“, рече Конешенков додавајќи дека се уништени вкупно 16 воени објекти во регионите на Полтава и Николаев (Миколаев), пренесе агенцијата РИА:
Покрај тоа, Русија урнала авион „Су-25“ во близина на градот Изјум во Харковската област на југот на Украина.
Нападите се изведени откако во Русија последен пат го предупреди Киев дека ќе ги интензивира далечинските напади како одговор на „саботажите и тероризмот“ на украинските сили на руска територија.
Станува збор за неколку гранатирања на руски места во близина на границата со Украина, но западните медиуми велат дека станува збор за одмазда на рускиот крстосувач „Москва“ за којашто Русија тврди дека бродот потонал без жртви поради пожар кој предизвикал експлозија на минуцијата на него, отфрлајќи ги различните тврдењата на Киев дека бил погоден со укранска или руска ракета.
Киевските власти ги предупредуваат жителите кои се евакуирале да почекаат со враќањето. За агенцијата DPA, тие ги потврдиле руските ракетирања на градот. Имало и неколку експлозии во округот Дарницја, објави градоначалникот Кличко на Telegram каналот.
Округот во кој живеат повеќе од милион жители се наоѓа југоисточно до Киев. Спасувачите дошле до местото на нападот, рекол Кличко, иако во почетокот нема податоци за жртви. Според неофицијални извештаи од Украина, експлозии имало и на западот на земјата, во околината на Лвов.