![fsb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/fsb.jpg?resize=636%2C411&ssl=1)
Руската Федерална бебедносна служба (ФСБ) објави во петокот дека уапсила група од пет лица кои се обиделе да купат килограм од радиактивниот целзиум-137 за 3,5 милиони американски долари во име на украински државјанин, известуваат руските новински агенции.
Според соопштението на ФСБ, цезиумот-137 требало да биде изнесен од Русија во странство за да се исценира инцидент со наводно користење оружје за масовно уништување со цел да се дискредитира руската воена операција на украинското боиште.
Според ФСБ, групата дејствувала под координација на државјанин на Украина. Доколку цезиумот-137 бил изнесен, било планирано да се користи за производство со употреба на оружје за масовно уништување со цел да се дискредитира Русија, додава службата.
ФСБ во петокот објави дека уапсените веќе ги дале признанијата и оти се обвинети за недозволено ракување со радиоактивни материи и подготовка за нивно криумчарење. Засега не се објавени нивните идентитети. ниту каде е изведено нивното апсење.
Претходно во понеделникот Сергеј Наришкин, директор на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека службата дошла до информации дека властите во Киев ги продолжиле активностите над правење „валката нуклеарна бомба“, оружје со конвенционална муниција со радиоактивни елементи, и предупреди дека нејзината примена би имала тешки последици.
Наришкин конкретизираше дека руското разузнавање поседува информации дека Киев одлучил на преработка да испрати одредено количество озрачено гориво од нуклеарната централа Ровно. Според него, со таа цел украинската власти под изговор за закопување во два специјални бродски контејнери на местото на централизираното складиште за искористено нуклеарно гориво во одамна згаснатата хаварисана нуклеарлна централа во Чернобил.
Веднаш по предупредувањето од Наришкин, украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека украинските шпиони добиле информација дека Русија разгледува „теористички“ напад врз нуклеарната централа Запорожје која се наоѓа под руска контрола во јужна Украина уште од почетокот на инвазијата од 24-ти февруари 2022 година, што би вклучувало „ослободување на радијација“.
Москва ги отфрли тие тврдења од Киев, предочувајќи дека нуклеарката е под нејзина контрола во регион каде мнозинското население се изјасни за присоединување на Русијаи фактички е руска територија, што меѓународната заедница не го признава. Истовремено ја обвину Украина за план да изведе диверзија за заземање на нуклеарката покрај постојаните гранатирања врз неа , па и објектите во кои се складира нуклеарното гориво.
Радиоизотопот цезиум-137 се користи во гама-дефектоскопијата, за инспекциско-набњудувачки системи, мерна опрема, како и за радијациона стеролизацина на прехранбени продукти, медицински препарати и лекарства, во радиотерапијата за третмани на малигни тумори.
Но истовремено оваа материја е и еден од главните радионукледити за дооформирање, производи на фисија на ураниум и плутониум и претставуваат голема опасност при навлегување во човечкиот организам. Според стручњаците, цезиумот-137 може да се искористи и за правење ткн „валкана бомба“.