Русија во понеделникот ја тестираше ракетата „Топол-М“, соопшти министерството за одбрана, а нејзиниот дострел би претставувало кршење на руско-американскиот договор за нукеларното вооруживање со среден дострек кој истече минатиот месец, а Вашингтон не изрази намера да го продолжи.
Ракетата, која е развивана и тестирана изминатите неколку години, е истрелана од космпдромот Плесецск, на северозападот од Русија, кон мета чијашто локација во областа на Камчатка не е објавена, објави агенцијата ТАСС повикувајќи се на соопштението на министерството за одбрана.
Станува збор интерконтинентален балистички проектил со дострел од околу 5.500 километри, што претставува горна граница на дострелот опфатена со руско-американскиот договор а контрола на нуклеарното вооружување со среден дострел. Ваквиот дострел побудува страв кај европските сојузници на САД, бидејќи ја покрива цела континентална Европа.
САД се повлекоа од овој договор тврдејќи дека Русија го прекршила со производство на ракети кои може да имаат дострел од 500 до 5.500 километри, регулран со споменатиот договор. Москва, пак, обвини дека Вашингтон само барал изговор и оти од пред две години во американскиот буџет се изделени средства за голем проект за изработка на вакви проектили.
#Видео На космодроме #Плесецк сегодня состоялся учебно-боевой пуск твердотопливной межконтинентальной баллистической ракеты #ТопольМ шахтного базирования https://t.co/FoMEHGcjTz #РВСН #ПускиРакет #МБР #Испытания #БоеваяПодготовка pic.twitter.com/s6owT9WunK
— Минобороны России (@mod_russia) September 30, 2019