ВИДЕО| Русија: Украина го нападна Кремљ со дронови во неуспешен обид за атентат врз Путин

Во средата Русија ја обвини Украина дека извела неуспешен напад врз Кремљ со беспилотни летала во текот на ноќта во неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин, објави државната новинска агенција РИА.

Кремљ соопшти дека го смета нападот за „планиран терористички акт“ и го задржува правото да возврати, пренесува РИА.

Во наводниот напад на резиденцијата на Путин во Кремљ биле користени два дрона, но руската одбрана навремено ги оневозможила со користење на електронси и радарски системи.

Путин не е повреден, како ниту други лица, а нема материјална штета на зградите од падот на леталата, соопшти Кремљ.

„Кремљ овие акции ги оцени како планиран терористички акт и обид за атентат на претседателот во пресрет на Парадата на Денот на победата на 9-ти мај“, наведува РИА.

Додаде дека Путин не го променил распоредот и работи како и обично.

„Руската страна го задржува правото да преземе одмазднички мерки каде и кога смета дека е соодветно“, пренесува агенцијата.

Непотврдено видео кое кружи на руските социјални мрежи, вклучително и на каналот на воениот медиум Звезда, покажува како чад се издига од зад главната палата на Кремљ по наводниот инцидент.