(ВИДЕО) Русија го тестираше суперсоничниот проектил за крајбрежната одбрана

Руската армија првпат извела тестирање на новиот суперсоничен проектил од мобилниот ракетен комплекс „К-300П Бастион“ во време на тактичките воен вежи на Северната флота во областа на архипелагот на Новосибирските острови во Арктикот.

На споменатите маневри, руската војска прво го користела крајбрежниот ракетен систем „Бастион“, кој има борбени задачи на островот Котелни, пренесе телевизијата Звезда. Притоа се наведува дека била успешно лансирана суперсоничната кростосувачка противбродска ракета „Оникс“ на цел по морската површина, која се наоѓала на оддалеченост од над 60 километри.

Крајбрежниот одбранбен ракетен систем „Бастион“ е дизајниран за заштита на морскиот брег над 600 километри. Наменет за борба против површински пловила од различни видови и класо во услови на интензивен иган и електронски попречувања. Борбениот комплет од еден комплеск може да вклучи до 36 ракети „Оникс“, кој за извоз се познати под називот „Јахонт“. Меѓутоа, според западните стручњаци, иако овој проектил е дизајниран за борба со бродови, тој може да се користи и против копнени цели,

По лансирањето крстосувачката ракета лета ниско над морската површина кон импровизирана цел дизајнирана да симулира непријателски продови во Лаптевско Море. Оваа ракета лета со брзина до 3.180 километри на час и таргетира цели во радиус до 300 километри со средновисока траекторија или 120 километри со ниска траекторија на летото.