(ВИДЕО) Русија повторно го отвори Керчкиот канал за пловидба по судирот со Украина

Русија во понеделникот повторно го отвори Керчкиот теснец крај Крим за пловидба од раните утрински часови откако руските бродови во неделата отворија оган и запленија три украински воени пловила во обидот да навлезат во руските територијални води, што Москва го карактеризираше како повторена и смислена провокација, а што предизвика опасност од поширок судир меѓу двете земји.

Руската служба за внатрешна безбедност ФСБ, во чијшто делокруг се и безбедноста на границите, во понеделникот утрото објави дека руските погранични бродови објави видео на кое се гледаат запленетите два помали брода на украинската воена морнарица и теглач, кои беа запленети откако руските воени бродови во обидот да ги запрат отворија оган при што се ранети три украински морнара.

Станува збор за најсериозниот судир меѓу Москва и Киев последните години, а украинскот Совет за национална одбрана побара прогласување воена состојба во траење од 60 дена, за што треба одлука да донесе парламентот. Меѓутоа, оваа мерка може да биде непопуларна во некои делови од Украина, бидејќи би ги ограничила граѓанските слободи и на државните институции би им дала поголеми слободи во пресрет на претседателските избори следната година за кои изборните анкети покажуваат дека актуелниот претседател Петро Порошенко би можел да ги загуби.

Кризата започна во саботата кога е спречен сличен обид а ескалираше во неделата кога Русија ги запре трите украински брода да влезат во Азовското Море, поставувајќи свој товарен брод. Украина негира дека нејзините бродови нарушиле некаков закон и оти руски брод претходно се забил во нејзин товарен брод во неуспешен обид да ги запре.

Русија претходно поради пловењето на украинските бродови низ Керчкиот канал кај црноморскиот полуостров Крим го блокираше влезот за да спречат бродовите од Црното да влезат во Азовското Море, и соопшти дека малата флотила ги игнорирала предупредувањата и изведувала опасни маневри.

По превратот во Киев во феверуари 2014 година, во март истата година по спроведените референдуми на тамошното население црноморскиот полуостров Крим изгласа присоединување на Руската Федерација, кое не го признава Западот. Русија изгради фасцинантен мост кој го поврзува полуостровот со јужниот дел од Русија и ги премостува Керчкиот канал, морски теснец кој води од Црното во Азовското Море, каде што се наоѓаат две пристаништа, исто така, со доминатно рускојазично население но кои се стратешки многу важни за Украина и каде се концентрирани големи воени единици. На Крим, пак, отсекогаш е сместено седиштето на руската Црноморска флота, а од споменатиот мост може да се контролира пловењето.

Според билатералниот договор од пред кризата пред четири години, и Русија и Украина имаа право да го користат Азовското Море. Според Москва, украинските воени бродови „Бердјанск“, „Никопол“ и „Јани Капу“ ги прекршиле челновите 19 и 21 од Конвецијата на ОН за поморското право, и го нарушиле режимот на државната граница на Русија. Бродовите влегле во привремено затворениот руски акваториум и неколку часа правеле опасни маневри и не одговарале на барањата на патролните чамци на руската морнарица.

Поради тоа, било решено да се употреби оружје. Сите три брода биле запленетии на околу 20 километри од рускиот брег, и 50 километри југозападно од вообичаениот правец по кој минуваат бродовите низ Керчкиот канал под Кримскиот мост. Русија и претходно потврди дека притоа се ранети тројца украински морнари, кои се полесно повредени и се вон животна опасност.

Русија покрена кривично дело за нарушување на државната граница и побара итен состанок на Советот за безбедност при ОН за ситауцијата во Азовското Море, што го стори истовремено и Украина. Првично седницата е закажана за 11 часот по њујоршко време во понеделник, или 20 часот по македонско време.

Европската унија во изајвата нагласува дека очекува од Русија да обозможи слободно пловење низ Керчкиот канал и ги повика двете страни да дејствуваат во смирувањето на ситуацијата. НАТО преку својот портпарол, исто така, повика на „воздржаност и смирување на тензиите“.

Данскиот министер за надворешни работи на Twitter напиша дека неговата земја и’ дава поддршка на Украина. „Настаните се многу вознемирувачки може да ескалираат“, истакна. Канадската шефица на дипломатијата Кристиа Фриленд изјави дека нејзината земја ја осудива „руската агресија“ и ја повика Москва да ги ослобноди запленетите бродови.

Имајќи ги предвид односите кои се чувствителни од пролетта 2014 година поради отцепувањето на Крим и бунтот на рускојазичното население во југоисточна Украина, постои опасност дека инциденто може да ги втурне двете земји во поширок судир, и веројатно ќе ги обнови повиците на Западот за продолжување и дополнителни санкци против Русија.