Владимир Санкин, механичар од градот Уфа во Русија, убил осуден педофил, а сега му се заканува затворска казна од 15 години.
Две момчиња влегле во станот на педофилот да се загреат, а кога влегле, тој ги замолил и двајцата да се соблечат. Сепак, едно од момчињата успеало да избега и да го извести Санкин за тоа што им се случува.
Во паника, му пришол и му кажа сè што се случило. Санкин отишол во станот без размислување и го слушнал момчето како плаче. Го ослободил, а потоа го претепал педофилот до смрт со дрвен стап пред да дојде полицијата.
Зајчев, кој им подлегнал на повредите, неодамна отслужил затворска казна за сексуално напаѓање на деца.
„Не очекував дека ќе умре. Јас спасив две деца … од него“, изјави Санкин.
https://www.youtube.com/watch?v=DB44hVWZ0Rs&feature=emb_err_watch_on_yt
Тој во моментов е во куќен притвор и ќе остане таму до крајот на истрагата.