ВИДЕО: Русите се степаа и со словачките навивачи

Руските навивачи продолжуваат да дивеат во Франција. Минатата вечер се степаа со Словаците во Лил, каде двете селекции треба да се сретнат денес од 15 часот.

Иако француските власти ги депортираат руските хулигани, се очекува дека денес, на денот на натпреварот ќе има околу 15.000 навивачи.

Во непосредна близина е и Ланс, каде од 21 часот ќе се сретнат Англија и Велс, а овие навивачи веќе имаа блиска средба со Русите.

Руските медиуми пренесуваат дека англиските навивачи го газеле руското знаме пред кафуле во Лил во вторникот.

Улиците на Лил денес би требало да ги обезбедуваат околу 4.000 полицајци, додека на 25 километри оддалечениот Ланс околу 2.400.

Пред неколку дена беа повредени над 30 лица во инцидентот меѓу Русите и Англичаните во Марсеј. Еден Британец беше потешко повреден, а хулиганите се пресметуваа како на улиците така и на стадионот каде беа палени и фаќели.

Полицијата употреби солзавец, димни бомби и водени топови за да ги смири нередите.