Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во средата соопшти дека уапсила седум лица поврзани со украинската разузнавачка служба и ги обвини дека планирале „серија акти на саботажа и тероризам од висок профил“ на црноморскиот полуостров Крим
ФСБ во соопштението наведе дека групата планирала напади врз официјални лица испратени во Русија, вклучувајќи го и локалниот гувернер Сергеј Аксјонов. Уапсената група, според ФСБ, подготвувала атентати поркај врз Аксенов, и врз претседателот на републичкиот парламент и на градоначалникот на градот Јалта, како и саботажи врз делови од транспортната инфраструктура на полуостровот.
Тие тврдат дека заплениле експлозиви идентични со оние што беа користени за напад на железницата на полуостровот во февруари.
Аксјонов во изјавата рече дека иста група стои зад двата наводни инциденти. Тој рече, без да обезбеди докази, дека нема сомнеж оти зад нив стои украинската влада.
Крим меѓународната зедница го смета за украинска територија, каде руското мнозинство по превратот во Киев во 2014 година изгласа на референдуми да си ја поврати автономијата укината во 1990-те години по осамостојувањето на Украина од СССР и да се врати во стоставвот на Русија од која е отцепено во 1954 година со декрет на тогашниот советски челник Никита Хрушчов, инаку етнички Украинец.
Дополнително, во средата, руските служби за итни случаи го обвинија Киев за падот на дрон шро предизвикал голем пожар во складиште за гориво на полуостровот Таман, кој граничи со Крим преку Керченскиот теснец.
Магацин за гориво се запали ноќта кон средата во селото Волна, а нема извештаи за загинати или повредени, ниту закани за жителите, соопштија официјални извори.
Според извор од безбедносните служби, цитиран од ТАСС, пожарот бил предизвикан од „падот на дронот“.
Во последните денови Русија и Крим беа цел на серија напади за кои Киев не ја презеде одговорноста, а од каде сепак неодамна соопштија дека привршуваат подготовките за воена офанзива и оти таквите напади се вовед во неа.