ВИДЕО| Руската морнарица лансираше крстосувачка ракета од Јапонското Море

Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно.

Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС.

– Крстосувачката ракета „Калибр“ ја погоди крајбрежната цел на полигонот Сјуркум во планираното време, соопшти прес-службата.

Пред лансирањето на проектилот, подморниците изведоа тактички маневар за скришно распоредување во областа на извршување на зададените мисии, соопшти прес-службата. Вежбата вклучуваше и тајни движења и поддршка за воени бродови, авиони и беспилотни летала, соопшти руската пацифичка морнарица.