ВИДЕО| Руската војска уништила складиште за западни проектили крај Одеса

Руската борбена авијација уништила складиште за противбродски ракети „Harpoon“ испорачани за украинската војска од земјите од НАТО, како и лансер и возило за американските проектили со долг дострел HIMARS, објави во неделата на брифинг портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Со ракети истрелани од воздух со голема прецизност во еден од објектот на индустриско претпријатие во градот Одеса уништено е складиште за противбродските ракети Harpoon, испорачани во Украина од земјите на НАТО“, изјавил Конашенков.

Минатата седмица беше, исто така, беше објавено дека руските војски уништиле и две инсталации на крајбрежниот ракетен противбродски систем „Harpoon“ доставени во Украина од Велика Британија. Кон крајот на јуни украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников објави дека Киев започнал да ги добива противбродските ракети „Harpoon“ од Данска и самоодни хаубици од САД.

Тогаш Резников објави и дека споменатите ракети ќе бидат користени со постојните украински „Нептун“ во одбрана на брегот со напади врз руските воени бродови, вклучително и последното големо пристаниште на Црното Море во Одеса. Прецизираше дека набавката на ракетите „Harpoon“ е резултат на соработката меѓу неколку држави, додавајќи дека пратката од Данска била остварена „со учество на британските пријатели“.

Истовремено во неделата, како што објавил Конашенков, во близина на Красноармејск, на југоистокот на Украина, бил уништен и лансер и транспортно возило за повеќекратните ракетни системи со долг дострел HIMARS од американско производство.

Руското министерство, исто така, тврди дека во изминатите 24 часа руската војска нападнала позиции на 97-от баталјон на 60-та моторизирана пешадиска бригада на украинската војска во регионот на Запорожје, при што биле елиминирани до 65 украински војници. Истовремено, Москва објави дека руските војски извеле уште неколку удари врз позиции на странски платеници во областите на Харков и на територијата на Доњецк која е под контрола на силите лојални на Киев.