ВИДЕО| Руски дрон уништил уште еден американски тенк во Доњецк

Руските војници уништиле уште еден американски тенк „Abrams“ во околината на неодамна заземениот од руските сили град Авдиевка на границата на југоисточниот доминантно руски и рускојазичен регион Доњецк кој се отцепи по правратот во Киев во 2014 година, известуваат во неделата руските медиуми повикувајќи се на воени и извори од произведувачот на дронот.

Според информациите американскиот тенк бил погоден со беспилотно летало „Упир“, со експлозивно полнење од советската ера. Се додава дека, тенкот дошол многу блиску до позициите на руските војници кои со минофрлачи прво му ги оштетиле „гасениците“, а потоа бие употребени два дрона „камиказе“ кои го уништиле запренето тешко оклопно возило. Се потсетува, дека пред десетина дена во истата област беше уништен првиот американски тенк „Abrams“, тогаш во напад на дрон „Пирана“, кој се користи против оклопни возила и утврдени цели.

Дроновите од типот „Упир“ (сениште), развиен во заводите во Свердловск, а руската војска го користи од есента 2023 година за напади зад украинските линии на одбраната, против жива сила и воена опрема.

На 26-ти февруари, проруските власти во Доњецк известија дека на боиштето во Украина го уништиле првиот тенк „Abrams“ кои САД му ги испорачале на Киев.

Американското интернет издание National Interest минатата седмица пишуваше дека тенковите „Abrams“ се исклучително скапи но и прецените. Според изданието, сѐ уште ќе има загуби на овие американски тенкови на украинското боиште и оти не треба да бидат сметани за „непобедливо чудесно оружје“ кое може да доведе до спектакуларна промена на ситуацијата на боиштето.

САД долго калкулираа со испраќањето на тенковите „Abrams“ во Украина, а според најавите од минатата година станува збор за 31 тешко вакво борбено возило, за кое воените аналитичари предупредија дека неуспесите на тенковите во Украина ќе им наштетат на реномето на американскиот воено-индустриски комплекс во целина. Неговата тежина од 62 тони се смета за несоодветна за меката украинска почва, поради што се лош избор особено во пролетната фаза од војната.

Американските функционери и воени стручњаци предупредуваа и порано дека тенковите „М1 Abrams“ се тешки за одржување. Истакнаа дека е тешко да се оспособат Украинците да ги користат овие оружја опремени со напредна технологија. Покрај тоа, потсетуваа дека овие тенкови користат големи количества гориво и тоа керозин, што значително ја отежнува нивната логистика, а сложени се и за ремонт.

Досега се сметаше, како што најавуваат украинските функционери, дека американските тенкови не се испраќани на првата линија на боиштето, туку дека се распоредени на правците кон поголемите украински градови, во прв ред на приодите кон Киев.