ВИДЕО| Руски и украински војници заедно го обезбедуваат Чернобил

Руското министерство за одбрана објави во саботата видео на коешто е прикажано како припадници на Националната гарда на Украина и руски војници кои учествуваат во воената операција во соседната земја го обезбедуваат реакторите и саркофагот на нуклеарната централа во Чернобил.

Реакторите во Чернобил треба да бидат демонтирани до 2064 година. Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо во атмосферата.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ ‘Чорнобил’. Нашите бранители даваат се од себе за да не се повтори трагедијата од 1986 година“, напиша во четвртокот украинскиот претседател Владимир Зеленски на Twitter

Руската војска утрото на првиод ден од офанзивата во Украина потврди дека ја зазела нуклеарната централа Чернобил и дека војниците склопиле договор со тамошните украински сили.

„Единиците на Воздушно-десантните сили, заедно со воениот персинал на Националната гарда на Украина, ја обезбедуваат заштитета на нуклеарната централа Чернобил. Постигнат е договор со војниците на специјалниот баталјот за заштита на нуклеарнтата центата на Националната гарда на Украина, за заедничко обезбедување на енергетските единици, сакрофагот и складиштата за потрошеното нуклеарно гориво“, соопшти во саботата руското министерство за одбрана.

Се истакнува, исто така, дека персоналот на нуклеарната централа продолжува да ја следи состојбата со радиоактивноста и да ја одржува во нормална функција.

Заедничката работа на руските падобранцуи и украинските војници е гаранција дека националистите или другите терористички организации нема да можат да ја искористат моменталната ситуација во земјата за да изведат нуклеарна провокација, додава службата за односи со јавноста на руското министерство за одбрана.

Всушност нефункционалната нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја во Чернобил се наоѓа на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа беше на логичната линија на напад на руските сили. Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина.