ВИДЕО| Рускиот амбасадор нападнат во Варшава

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, беше облеан со црвена боја на церемонијата на положување венци во понеделникот во Варшава. Дипломатот беше нападнат додека им оддаваше почит на војниците на Црвената армија кои загинаа за време на Втората светска војна.

На видеото од настанот се гледа дека Андреев опколен од група демонстранти со украински знамиња.

9 мај е денот кога Русија и неколку други земји го слават поразот на нацистичка Германија и нејзините сојузници.

Минатата недела полските власти „препорачале“ да се откаже  традиционалната церемонија оваа година, како и „Бесмртниот полк“ на луѓето кои маршираат и носат портрети на роднините кои се бореле во војната.

Известувањето било дадено поради војната во Украина

Според РИА Новости, амбасадорот не е повреден.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди нападот на „приврзаниците на неонацизмот“.

Нарушувањето на церемонијата на Денот на победата, како и претходните напади на спомениците и гробиштата од Втората светска војна од советската ера, „го докажуваат она што веќе беше очигледно – дека на Запад е поставен курсот за реинкарнација на фашизмот“, рече таа.

https://www.youtube.com/watch?v=9X6IgSAZieY