ВИДЕО| Рускиот министер за одбрана Шојгу во посета на силите во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го посети командниот штаб на руската армиска групација „Центар“ којашто ги изведува борбените дејствија во Украина, пренесуваат во петокот руските новински агенции повокувајќи се на министертвото за одбрана

Командантот на борбената групација „Центар“ го информирал министерот за борбената готовност, а Шојгу им се забагодарал на офицеритеи војниците за „спроведување на успешните операции“ во близна на Лиман, каде што руските единици во противудар на украинската контраоанзива успеаја да заземат неколку стратешки позиции, според Минисерството за одбрана.

На Шојгу му било претставени и шведското пешадиско борбено оклопно возило „CV-90“, едно од неколкуте заробени откако биле погодени со противтенковски рачни рлачи, кои украинските војници при повлекувањето ги напуштиле и бил известен за неговите „слаби точки и недостатоци“. Претходно седмицава друго такво возило беше испратено во Русија на детално изучување на технологијата вградена во оваа шведска воена опрема.

Посетата на миниерот Шојгу на боиштето во Украина следеше неколку дена откако првата линија на фронтот ја посети генералот Валериј Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб кој ја презема и должноста на главен командант на руските борбени операции во соседната земја.