Рускиот дрон-камиказе „Ланцет“, познат како „талкачка муниција“, уништила де самоодни топа „Paladin“ од американско производство во југоисточна Украина, според видеото што го објави агенцијата РИА.
Во описот на видеото, чија автентичност не може да се провери од независни извори, се наведува дека се прикажани две украински самоодни артилериски единици испорачани за украинската армија во рамките на огромната американска воена помош.
Се наведува дека една од хаубиците отвора оган, а потоа минува во позиција да се засолни, каде што ја стасува леталото „Ланцет“. Кумулативниот дел од дронот во лет го пробива оклопното возило, и се забележува чад од внатрешното согорување.
Втората самоодна единица се пали по погодокот на „Ланцет“, од куполата избива оган, а екипажот на возилото бега. Потоа следува експлозија на муницијата. На снимката, наводно, е прикажано и уништување на украинска радарска станица.
Инаку, руското Министерство за одбрана во редовниот дневен брифинг во петокот објави дека во споменатиот регион Миколаев – Кривиј Рих, во дејствувањето на руската артилерија и воената авијација, биле уништени околу 95 украински војници, десет борбени оклопни возила и десет други возила.
Истовремено