ВИДЕО| Руските маринци во улични борби за Мариупол

Припадниците на поморската пешадија на руската војска заедно со припадниците на силите на милицијата на ткн Донецка Народна Република, ги чешлаат улиците на јужниот пристанишен град Мариупол во операцијата за елиминирање на украинските паравоени формации и странските платеници.

Во прилогот на RT се наведува дека руските војници биле пречекани од многу жители на градот, коишто, како што се наведува во прилогот, им помагаат да ги лоцираат позициите на коишто сѐ уште има припадници на ткн баталјон „Азов“, кој го сочинуваат припадници на украинските крајно десни движења и платеници и се вооружени со западнотео оружје.

Мариупол во пролетта 2014 година по превратот во Киев, кога прорускиот источен регион во Донецк ја прогласи независноста беше вториот по големина град во ткн Донецка Народна Република. Но во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над градот и во него го распоредија тешко вооружениот злогласен ултранационалистички полк „Азов“ на крајнодесните украински групации, против чии борци се поведени кривични постапки поради воени и злосторства против човечноста.

Од тогаш неговите источни преградија беа локации на најжестоките борби. Вечерта на 7-ми март годинава, милициите на Донецк објавија дека градот е целосно опколен и дека започнува операција за постепено чистење на населбите од радикалите и платениците.

Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.

https://www.facebook.com/help/396404120401278/?helpref=uf_share

https://fb.watch/bY8xSRPKJ4/