![seversk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/seversk.jpg?resize=696%2C455&ssl=1)
Градот Северск, на административната граница на одметнатиот проруски јужен украински регион Доњецк и другиот проруски ентите Луганск е под оперативна контрола на заедничките сили на сепаратистите и руската војска, изјави во четвртокот а руската јавна телевизија, претставникот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Даниил Безсонов,
„Според изјавите на претставниците на Луганската Народна Република и според извои од нашите сили, борбите веќе се водат во предградијата на Северск. Всушност градот е под наша оперативна контрола, а тоа значи дека непријателот на целата територија на областа може да биде гаѓан од наш насочен оган“, рече Безсонов.
Претпостави дека украинските сили ќе се повлечат од Северск побрзо „отколку што се повлекоа од Лисичанск“. Извор близок до Народната милиција во самопрогласената Лганска Народна Република претходно за агенцијата ТАСС изјави дека Северск е опколен и оти градот може да биде освоен за два дена.
Претходно во средата Виталиј Киселов, министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск, изјави дека Северск со претпазливо напредување би можело да биде заземен за неколку дена.
Северск се наоѓа речиси 30 километри западно од Лисичанск, кој заедно со градот близнак Северодоњецк, кои сепаратистите и руската војска ги заземаа на почетокот од јули.
Во четвртокот, исто така, од Луганск објавија дека нивните борци успеале да заробат хаубица од моделот „М777“ од американско производство, според објавата на Telegram.
Во коментарот на видеото се наведува дека хаубицата била откриена со воздушно извидување на сепаратистичките сили во Луганск. по што била уништени водовите на „-от армиски
Хаубиците „М777“, првпат борбено употребени во Авганитанската војна од 2001 до 2021 годима. со калибар 155 милиметри на Украина ѝ ги доставуваат САД и сојузниците од НАТО. Со разни видови муниција имаат дострел од 24.000 до 40.000 килоемтри, а сепаратистите тврдат дека украинските сили ги користат за гранатирање на градовите и населби во одметнатиот Донбас, во кои гинат мноштво цивили.