ВИДЕО| Руските сили во Доњецк уништиле два американски система „Patriot“

Меѓу уништените ракетни системи за противвоздушна одбрана на украинските сили во Покровската област на работ од источниот регион Доњецк кој е речиси целосно под контрола на проруските и руските сили, се и два американски системи „Patriot“, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на руски безбедносни извори.

„Направена е анализа на контролната реална снимка од теренот, дојдовме до заклучок дека на снимката се гледа не само (противвоздушниот систем) С-300, како што претходно беше известено, туку дека две од трите уништени системи Patriot“, го цитира агенцијата својот неименуван соговорник.

Украинската страна не ги коментираше овие наводи, кои не можат да се проверат од независни извори.

Претходно во саботата, руското Министерство за одбрана објави видео направена од ракетата на рускиот оперативно-тактички ракетен систем „Искандер-М“ кој погаѓа украински противвоздушни ракетен систем. Според министерството, во нападот бил уништен ракетниот систем „С-300“ во областа Покровска, во делот од Доњецк кој сѐ уште го контролира украинската војска.

Подоцна е лиферувана снимка за која се наведува дека ги покажува последиците од ударот, кои укажуваат дека се уништени три украински противвоздушни системи, од кои два се идентификувани како системите „Patriot“ од американско производство.

Тактички ракетен систем „Искандер-М“ е вооружен систем со голема прецизност и дострел до 500 километри. Руската војска во украинската војна ја користи за удари врз командни центри, системи на противвоздушна одбрана и поголеми колони со воена опрема на украинските вооружени сили.

Во арсеналот на „Искандер-М“ влегуваат и балистички и крстосувачки проектили, кои емитуваат лажни електронски пречки додека се приближуваат кон целта и се сметаат за практично отпорни на дејството на противничките противвоздушни системи. Посебност на овој систем е што неговите наведувани крстосуачки проектили може да летаат на многу ниски височини и да се прилагодуваат на релјефот на теренот.