ВИДЕО| Руското ФСБ пресекло операција за врбување пилоти и киднапирање руски авиони

Руското разузнавање објави во понеделникот дека прекинало операција на украинските разузнавачи водена од специјалните служби на НАТО за врбување руски воени пилоти ветувајќи им парични награди и државјанство во една од земјите на Европската унија за да ги убедат да пребегнат со авионите и да слетаат на аеродроми кои ги контролира украинската војска.

„Федералната служба за безбедност (ФСБ) откри и пресече операција на управувана од специјалните служби на НАТО на Главната разузнавачка управа на министерството за одбрана на Украина за киднапирање на борбени авиони на руските воздухопловни сили“, се вели во соопштението на службата за односи за јавноста на руското разузнавање кое го цитираат руските новински агенции.

Во соопштението се истакнува дека „украинските воени разузнавачи, дејствувајќи во име на политичкото раководство на нивната земја, се обидоа да регрутираат руски воени пилоти за парична награда и гаранции за добивање државјанство на една од земјите на ЕУ. За да ги убедат да прелетаат и да ги слетуваат авионите на аеродром под контрола на вооружените сили на Украина“.

Како што се истакнува во продолжение, откривањето на ваквите планови при што на руските пилоти им биле ветувани суми и до два милиона американски долари, од страна на руското контраразузнавање, овозможило да бидат изведени бројни напади врз украински воени објекти.

„Во текот на оперативната игра, руските контраразузнавачи добија информации кои им помогнаа на нашите вооружени сили да нанесат огнена штета на голем број украински воени објекти“, се наведува во соопштението и се додава дека во операцијата се идентификувани бројни украински разузнавачи и нивни соучесници.