ВИДЕО| Сакаме јавна администрација што ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

-Денес зборуваме за една важна тема која со годините малку била предмет на една темелна- студиозна анализа, ниту била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките кои треба да се преземат за поголем квалитет на услугите кои ги добиваме од неа, но и иновациите како важен предизвик на тој план. Ова е тема кој не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваме како граѓани, туку и го обликува лицето на државата. Нашата визија е јасна- сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност. Која нема да биде сервис само за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на дијалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан.

Мицкоски потенцира дека во изминатиот период администрацијата се соочувала со бавни просеси, недостаток на дигитализација, а понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор.

-Овие проблеми не може да ги игнорираме. Тие се реални, а за нив треба да се најде решение. Нашите цели за реформа опфаќаат дигитализација на услугите, ефикасност и професионалност, транспарентност и отчетност, намалување на бирократијата, вреднување на трудот…