Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез беше снимен на аеродромот во Милано. Чилеанецот е во италијанскиот град да помине лекарски прегледи и да потпише со локалниот Интер.
Претходно денес, медиумите во Англија и Италија објавија дека двата клуба конечно се договориле за детали за едногодишниот закуп на играчот.
Според „Скај Спортс“, „нероазурите“ ќе платат шест милиони фунти за заемот, а исто така ќе придонесат за 4,5 милиони фунти на платата на Санчез за тој период.
Сепак, опција за откуп не е вклучена во договорот меѓу двете страни.
#Inter, Sanchez è sbarcato a Milano [@Ngoppejammeja] pic.twitter.com/OwLS44z8a9
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 28, 2019