![im-460865](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/im-460865.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Сателитски снимки покажуваат дека Русија преместила дел од својата воена опрема којашто била распоредена во близина на границата со Украина, но пристигнала друга опрема и Москва сѐ уште има многу војници и опрема во близина на границата со соседната држава, тврди во четвртокот приватната американска компанија „Maxar Technologies“.
Русија во вторникот и во средата објави дека повлекла дел од единиците кои учествувале во вежби од границата со Украина и црноморскиот полуостров Крим, но САД и НАТО тврдат дека руското воено присуство не се намалува, туку напротив се зголемува. Москва ги отфрли таквите тврдења од Вашингтон и Брисел, и повторува дека никогаш немала план за напад врз Украина.
Руското министерство за одбрана изминатите два дена објавуваше снимки од повлекувањето на тенкови и друга воена опрема од јужните и западните воени окрузи кон нивните постојани бази во други делови од земјата, а америкаската приватна компанија „Maxar Technologies“ тврди дека снимила оклопни возила поставени на железничката станица во Еврапаториј кои „би можело да се подготвуват за тргнување“.
„Но војници и опрема сѐ уште се распоредени на други места на Крим, вклучително и областа за обука Опук, езерото Донузлав и Новоозерное“, наведува американската компанија.
Во Белорусија, каде што Русија од 10-ти до 20-ти февраураи изведува најавени заеднички воени вежби, „Maxar Technologies“ тврди дека снимил нов понтонски моста преку реката Припјат на околу шест километри од границата со Украина, како и голема полска (теренска) болница на простор за обука.
На аеродром во Белорусија распоредена е наводно нова единца од речиси 20 јурушни хеликоптери, но заминале значителни единици од копнените војски кои неодамна таму биле распоредени, наведуваат уште од „Maxar Technologies“.
Компанијата во извештајот наведува и дека навдоно војници и оклопни возила сѐ уште се распоредени на други локации. Според неа, го нема поголемиот дел од опремата и сместувачките објеки кои се наоѓале во близија на Речице на југоистокот на Белорусија, и од Maxar Technologies“ додаваат дека е виден воен конвој како се движи во западна насока“.