Веројатно поучени од фијаското на централниот митинг во Скопје изминатиот викенд, владејачката СДСМ во обидот да го избегне поразот на претстојните претседателски избори се обидува да прикаже лажна претстава за наводна посетеност на нивните предизборни активности.
СДСМ вечерва одржува свој митинг во Штип, а според видеото кое пристигна до нашата редакција јасно се гледа како власта со полни автобуси од целиот исток на Македонија носи граѓани на митингот.