Исчезнатиот пред еден месец градоначалник на источниот украински град Рубижне, за кој Киев објави дека е киднапиран од руските сили, изјавил во петокот за агенцијата РИА дека се наоѓа во делот од градот кој е под контрола на силите на самопрогласената Луганска Народна Република, и оти има намера да остане таму затоа што на украинската страна наводно сакале да го ликвидираат.
На 4-ти март, челникот на Луганскиот регион, Сергеј Гајдај изјави дека не може да стапи во контакт со Хортив и назначи нов градоначалник на Рубижне.
„Не се обидов да стапам во контакт со украинската страна, бидејќи тие се обидоа да ме убијат. Како и градоначалникот на градот Кременаја Струк, Владимир Алексеевич, едноставно го застрелаа во дворот на неговата куќа“, рекол Хортив.
Додал дека останува во градот и оти се занимава со прашања од преживување на населението, вклучително и дистрибуција на хуманитaрната помош на жителите.
На периферијата од Рубижне во моментов се водат борби меѓу силите на проруската милиција од Луганск и руските воени единици и украинските трупи, Југоисточно од Рубижне се градовите Северодонецк и Лисичанск, единствените поголеми места во Луганскиот регион кои се уште под контрола на Киев.
На 31-ви март руското министерство за одрбана објави дека од крајот на февраури под контрола на силите во Луганск се врати над 93 отсто од територијата на пореншената Луганска област во Украина, во границите во кои е административно водена. Пред почетокот на руската операција, проруските милици контролираа околу третина од териториите на Доњецк и Луганск, односно 8.900 од 26.500 квадратни метри од Доњецк и 8,400 од 26.700 квадратни метри од Луганск.