Две лица осомничени дека извршиле смртоносен напад во близина на Москва во петокот вечерта се приведени во областа Брјанск во Русија по бркотница со автомобил, изјави во саботата пратеникот Александар Хинштајн на Telegram.
Останатите осомничени побегнале во блиската шума, додаде Хинштајн.
Во меѓувреме во медиумите се појави снимка од сослушувањето на лице место на еден од осумничените за терористичкиот напад во „Кокус“ приведен во регионот на Брјанск. Според описот, тој наводно се обидувал да им побегне на припадниците на безбедносните сили качувајќи се на дрво.
„Што правеше во Крокус? – Пукав на луѓе. За пари“, може да се слушне на снимката на која уапсениот вели дека за тоа добил 500.000 рубљи или околу 5.500 американски долари. Притоа, уапсениот вели дека терористичкиот напад бил договоран со луѓе на кои не им го знае идентитетот.
Напаѓачи во маскирни униформи, вооружени со автоматско оружје и рачни гранати отворија оган врз посетителите на рок-концерт во близина на Москва во петокот вечерта, при што убиле најмалку 121 едно лице (уште 107 лица се во болниците, повеќето во критична состојба), во нападот за кој одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава.
Директорот на руското разузнавање Федерална служба за безбеднсот (ФСБ), Александар Бортников, го известил претседателот Владимир Путин дека се приведени 11 лица вклучени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“. Од нив четворица се директни учесници во нападот, според извештаите во руските медиуми.
Комсомолскаја правда, врз основа на информации добиени од извори во специјалните служби, пишува дека тие успеале да го идентификуваат автомобилот со кој напаѓачите се оддалечиле од местото на злосторството. Откако пукале и фрлиле запалливи гранати во преполната концертна сала влегле во бело „рено“ и се упатиле кон Брјанск.
Во автомобилот имало четири лица. Со голема брзина се движеле во петокот вечерта кон државната граница на Русија и Украина. Со помош на сообраќајни камери кои ја регистрираат брзината на движењето на возилата, било можно да се утврди нивното движење.
Недалеку од Брјанск, терористите биле запрени на мобилен контролен пункт. Дошло до престрелка. Еден од сопатниците во автомобилот е ранет. Останатите побегнале и исчезнале во шумата.
Веднаш, групата за обезбедување на државната граница, која ги одбиваше нападите на украинските вооружени сили во последните две седмици, била вклучена во потрагата по терористите.
Единици на Министерството за одбрана претходно биле засилено распоредени и на границата во областа Брјанск, бидејќи имало информации дека терористите контактираат со некого во Украина и дека ќе се обидат да ја преминат границата во Украина, каде што веројатно однапред им биле подготвени коридори за бегство.
Како што може да се разбере од извештајот на директорот на ФСБ до претседателот, до утрото во саботата преостанатите терористи беа приведени во областа Брјанск.
Приведените со себе имале документи на државјани на странска држава. Меѓутоа, руските безбедносни сили не октриваат за која земја станува збор.
Покрај тоа, ФСБ подоцна официјално потврди дека терористите имале контакти на украинска страна и имале намера да ја преминат државната граница. А оружјето што го користеле било складирано во претходно подготвен бункер.