На Јутјуб каналот се појави видео од убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Веројатно ова е снимка од камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледа што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.
За случајов приведени се двајца, додека првоосомничениот е во бегство.
Хрватскиот ракометар Денис Тот кој настапуваше за ракометниот клуб Бутел на 7 април годинава беше пронајден во безсознание во близина на позната дискотека во Скопје. Ден подоцна, Тот почина на клиниката за КАРИЛ како последица од падот на асфалтот.