Најмалку 40 лица загинаа утрово кога авион со 72 лица, меѓу кои 10 странски државјани, се урна во близина на градот Покара во западниот дел на Непал, соопштија портпаролите на армијата и аеродромот.
Стотици спасувачи продолжуваат да го пребаруваат ридското место на несреќата, каде што се урна авионот на Јети ерлајнс од главниот град Катманду.
„Спасувачките операции се во тек. Времето е ведро“, изјави портпаролот на Непалската агенција за цивилно воздухопловство, Јаганат Нирула.Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад како се издига од местото на несреќата и спасувачките екипи околу остатоците.
Тоа е најсмртоносната несреќа во Непал од март 2018 година, кога патничкиот авион САД-Бангла, кој леташе од Дака, се урна при слетувањето во Катманду, при што загинаа 51 од вкупно 71 лице во него, според Мрежата за воздухопловна безбедност.
Во авионот АТР 72 на Јети ерлајнс од Катманду имало 72 лица, меѓу кои две деца и четворица членови на екипажот, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.
Во авионот се наоѓале пет индиски, четворица руски, еден ирски, двајца јужнокорејски, еден австралиски, еден француски и еден аргентински државјанин, изјави претставник на аеродромот во Непал.
На социјалните мрежи е објавено видео снимено само неколку моменти пред трагедијата. На него се гледа како пилотот ја губи контролата над леталото и само неколку секунди подоцна удира во земјата.
Another Video.. Plane crash in #Nepal…. A #Yeti Air ATR72 aircraft flying to #Pokhara from #Kathmandu has crashed, Aircraft had 68 passengers pic.twitter.com/kYsFdu4VyT
— Jaya Mishra (@anchorjaya) January 15, 2023
Авионот бил стар 15 години, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24.
АТР 72 е авион со широка употреба, заеднички произведен од француската компанија Ербас и италијанската компанија Леонардо. Јети ерлајнс поседува вкупно 6 авиони ATR72-500, според нивната веб-страница.
Авионските несреќи не се невообичаени во Непал, дом на осум од 14-те највисоки планини во светот, вклучувајќи го Еверест, каде што времето може нагло да се промени и да создаде опасни услови.
Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на владата по несреќата, се вели во соопштението на владата.
Horrifying last moments of an ATR plane crash from Nepal in Pokhara that was bound for Kathmandu. All 72 people on board are dead. pic.twitter.com/4JZIvnThPQ
— Wajahat Kazmi (@KazmiWajahat) January 15, 2023