![elikopt-1024x615](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/elikopt-1024x615.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Хеликоптер се урнал во водите на Егејското Море во средата попладнето, додека учествувал во гаснење на шумски пожар на островот Самос и притоа е спасено едно лице а се трага по други три, објави грчката јавна телевизија ERT.
„Операцијата за спасување е во тек по падот на хеликоптер кој учествуваше во борбата против шумскиот пожар на Самос“. Едно лице е спасено и се трага по уште три лица“, изјавиле за телевизијата претставници на пожарникарите и крајбрежната стража.
Шумскиот пожар на островот Самос избувнал околу 14 часот во средата и во операцијата на гаснење биле испратени три хеликоптера и пет авиони, со педесетина пожарникари.
Силните ветрови со јачина од над 7 Бофори од скалата со 12, дува во споменатиот регион, а температурата во средата достигнала 30 Целзиусови степени.