ВИДЕО: Се венчале во далечната 1945: Која е нивната тајна за среќен брак?

Рут и Џери Гринспен се во среќен брак веќе 70 години. И самите велат дека пронаоѓањето на вистинскиот пријател за цел живот и некој со кого можете да го поминете целиот живот најголемо достигнување.

Во сеовремениот свет луѓето многу помалку се насочени еден кон друг, па затоа и не зачудува фактот зошто браковите се „со краток век“. Многу лесно е да се изгуби потребата да се биде романтичен или она што е важно кога станува збор за емотивниот однос. Во интервју за Хафингтон Пост Гринспен откриваат што всушност значи љубовта.

Рут и Џери се запознале уште во средно училиште. Вратата на едната просторија била отворена, а Рут седела на столчето со прекрстени нозе. Џери во тој миг помислил: „Ова е интересно, таа е слатка и ми се допаѓа“.

Набрзо потоа почнале да се забавуваат. Тие сеуште се сеќаваат на венчавката од пред 70 години. Се венчале на 16-ти декември 1945-та година во еден хотел во Филаделфија и имаат две деца.

Тие тврдат дека во нивниот однос секогаш имало издигнувања и падови и дека никогаш неможе се да да биде секогаш во совршен ред.

– Мора да бидете истрајни, цврсти и морате да бидете насочени еден кон друг. Имаме слични интереси и се сакаме, рекол Џери.

Рут вели дека во нивната долга врска најважна била добрата смисла за хумор.

-Имаме слична смисла за хумор и секогаш бевме добри пријатели, вели таа.

По 70 години брак, тие и понатаму се сакаат. Меѓутоа, велат дека тоа е многу посериозен и поважен вид љубов отколку порано.