ВИДЕО Семафорот на „Борис Сарафов“ не знае што е црвено, жолто, зелено

Пред два месеци беше поставен семафор на улицата Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров, каде во април беше прегазено дете на пешачки премин, но семафорот претходно не работеше,  а извесен период работи кратко, а потоа трепка само жолто светло и предизвикува уште поголем сообраќаен ризик, тврдат граѓаните.

– Не ја разбирам функцијата на семафорот, последнава недела работи многу кратко во текот на денот, а потоа си трепка жолто, не можеме улица да поминеме, мислам дека џабе струја троши. Понекогаш не се знае кое светло работи, дали црвено, дали жолто или пак зелено, вели жител на населбата.

Семафорот е поставен на пешачкиот премин кај основното училиште „Мирче Ацев“. Од општината Ѓорче Петров  тогаш соопштија дека екипи од ЕВН работат на приклучоците на семафорот по што набрзо ќе почне да функционира, подоцна минатиот месец општинските власти кратко одговорија дека не се надлежни за семафорот и ја префрлија вината на градот Скопје.

Семафорот на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров,кој беше интервентно поставен поради подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, по завршувањето на пробната работа, од пред некој ден е пуштен во редовен работен режим. Можно е да е префрлен на работа на жолто, поради потреба на сообраќајната полиција и доколку тоа е така, истиот ќе биде вратен во редовна работна состојба, тврдат од град Скопје.

Во прилог видео од работата на семафорот:

Жителите на населбата во мај ја блокираа улицата и протестираа барајќи надлежните да преземат итни мерки за зголемување на безбедноста на оваа локација оти како што велеа низ улицата се вози и со 140 километри на час.