Малезискиот авион, кој вчера беше соборен во источна Украина превезувал 295 патници.
Летајќи од Амстердам кон Куала Лумпур авион бил соборен на границата со Украина, кај селото Грабово.
И двете страни се обвинуваат меѓусебно како одговорни за падот на авионот, а се претпоставува дека „Боингот 777“ бил соборен со граната од земја.
Хулиб Гортер, европскиот извршен директор на компанијата „Малезија Ерлајнс“, за време на прес – конференција пред новинарите изјавил дека се’ уште ги немаат идентификувано сите патници од летот MH17.
Тој ги дал следниве информации за патниците:
„Точно 154 патници се од Холандија, 27 од Австралија, 23 од Малезија, 11 од Индонезија, 6 од Британија, 4 од Германија, 4 од Белгија, 3 од Филипините и еден од Канада. Сите 15-тина членови на екипажот биле од Малезија.