ВИДЕO| Сепаратистите во Луганск заземале украинска позиција, жестоки борби во Доњецк

Силите на самопрогласената Народна Република Луганск, објавија дека повторно заземале голема утврдена област на укранските војски јужно од Попасна, на административната граница на регионот напредувајќи во текот на денот пет километри зад линијата на раздвојување, додека проруските сепаратисти од регионот Доњецк јавуваат за жестоки судири за жртви на двете страни.

Во моментов не е сосема јасно кој ја има контролата врз стретешки важниот град Попасна во западниот дел од регионот Луганск, чиешто заземање може да значи голема пресвртница во спроведувањето на руските борбени операции во Украина, според воени стручњаци. Попасна била главен логистички центар за украинските сили и баталјоните на крајнодесничарските движења, во која се воделе жестоки борби последните неколку седмици.

Во првата седмица од мај лидерот на чеченските единици во рамките на руските сили Разман Кадиров објави дека градот Попасна е целосно преземен од украинските војски. На 11-ти мај тоа го потврди и портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Од друга страна, пак, именуваниот од Киев гувернер на Луганск, Серхиј Хајдај, кој на 8-ми мај за украинската национална телевизија изјави дека украинските сили се повлекле за подобро да се утврдат тврдејќи дека „Таму (во Попасна) сѐ е уништена“, на 11-ти мај рече дека руските тврдења се „фантазија“.

Во саботата портпаролот на проруските сили од Луганск, Иван Филипопенко, изјави дека е ослобедено населеното место Новозбвановка, јужно од Попасна.

Агенцијата РИА објави подоцна снимка од заземените утврдени позции на украинските војски јужно од Попасна.

„Тука имаше доста утврдена, обезбедена и моќна позиција. Тука беа утврдени осум години, но не издржаа долго“, вели за агенцијата припадник на силите од Луганск кој се идентификувал само со воениот прекар „Толич“.

Појаснува дека утврдувањата биле заштитени со бетонски плочи, кои можело да се уништат само со артилериски удари. Според него, напуштајќи ја оваа позиција, укранските сили оставиле многу муниција и странско вооружување.

„Кога влеговме во утврдената позиција, пронајдовме двајца загинати војници на вооружените сили на Украина, ги погребале како што можеле. Повлекувајќи се, очигледно, немале време да ги земат своите соборци или да ги погребаат“, рекол соговорникот на агенцијата.

Заземањето на областа околу Попасна би преставувало голема победа која ќе придонесе за успешно да бидат извршени задачите за ставење под целосна контрола на регионот Луганск и подготовка за опкружување од југ кон север на најдобро опремената и најпрофесионала групација на вооружените сили на Украина. Според процените на различни извори, во таа област се утврдени меѓу 44.000 до 80.0000 украински борци.

Истовремено во саботата војските на соседната прорурска „народна република“ во Доњецк објавија дека се водат жестоки борби со украинските „националистички баталјони“ во кои само во текот на денот загинале 15 украински борци, а од страна на сепаратистите загинале четири борци и уште 11 биле ранети.

Војниците на Народна Република Доњецк, заедно со вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат да ги ослободуваат населените места на нашата Република од украинсктие окупатори. Од почетокот на денешниот ден нашите војници уништија 15 украински националисти, три борбени позиции, една позиција со 152-милиметарско артилериски оружје 2А65 ‘Мста-Б’, две околпни пешадиски борбени возила и едно товарно транспортно возило“, соопштија на Telegram каналот силите на Доњецк.

Додаваат и дека „со голема жал известуваат дека изминатото деноноќие во борбите за независност четворица бранители на Доњецката Народна Република загинаа извршувајќи го војничкиот долг а 11 се ранети“.