(Видео) Шестмина повредени во поплави во Анкара

Шест лица се повредени во голема поплава во Анкара предивикана од пороен дожд по кој улиците на главниот град на Турцција беа претворени во реки.

Тоа беше природна катастрофа. Никој не го загуби животот, но шест лица се повредени и предизвикана е голема материјална штета, изјави градоначалникот на Анкара, Мусафа Туна.

Поплавата го погоди округот Мамак, во источниот дел од градот, откако од никаде се појавиле големи облаци, наведуваат турските медиуми.

https://youtu.be/xuJ21ARjxbc

Телевизиските канали емитуваа снимки од калливите бранови вода, кои ги фрлаа атомобилите. Градоначалникот на Анкара рекол дека ниту еден жител на градот не се смета за исчезнат.

Тоа е појава која се случува еднаш на 500 години, изјавил Туна.

Минатата година во Истанбул два пати се случиа поплави за време на летото кои го парализираа градот. Владата тогаш спомена дека тоа се невообичаени појави за тој период од годината и дека можно е причината за таквите појави да се глобалните климатски промени.