![seveee_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/seveee_1.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Најголемата регионална поп ѕвезда Северина Вучковиќ синоќа го одржа првиот од двата најавени концерти во Белград.
Спектаклот во сава центар започна во 8.30 часот со песната „Верујем у те“, што беше поздравено со огромен аплауз од публиката. Иако концертот продолжи со побавен ритам, тоа не влиајеше врз расположението на публиката, која секој такт го испрати со аплауз.
Прв гостин на концертот беше Горан Каран кој заедно со неа ја отпеа песната „Tu non llores mi querida“. Откако Каран се симна од сцената следеше блок побрзи песни, а публиката скокна на нозе со хитовите „Узбуна“, „Ајде, ајде“… На бината се појави и Саша Матиќ кој заедно со Севе ја отпеа нивната песна „Море туге“.
Преубавата далматинка три пати го промени стајлингот, а последен гостин на вечерта беше Горан Бреговиќ, со кого ја изведе песната „Гас, гас“.
При крајот на концертот Севе се симнала во публиката каде седеле голем број познати гости. Концертот траеше два и пол часа.
фото: kurir.rs