ВИДЕО| Шакира не ја фрла торбата и кога ја нападнале диви свињи

Поп-ѕвездата Шакира во своите приказни на Instagram наведува дека била нападната од диви свињи додека со синот се шетала во парк во Барселона.

„Ме нападнаа во паркот и ја зграпчија мојата торба со телефонот“, вели колумбиската пејачка држајќи ја искинатата и валкана црната торба пред камерата.

„На крајот ја пуштија торбата“, додава пред да му каже на синот „Милан, кажи ја вистината за тоа како твојата мајка се соочи со дивите свињи“.

Двајцата, за среќа, не се повредени од животните чиишто напади може да бидат и многу опасни.

Дивите свињи сѐ почесто се забележуваат во Барселона, како и во многу други европски градови. Во Барселона дури некои од жителите и ги хранат овие животни, и покрај тоа што е строго забрането.

„Животните се многу интелигентни, и кога ќе видат некој со торба мислат дека има храна“, изјавил неодамна ловочуварот Тони Галиано за ловечко списание по уште еден сличен инцидент во Барселона кога маж бил нападната и искасан од една од дивите свињи.