Поранешниот македонски амбасадор и пратеник Оливер Шамбевски објави видео од денешното апсење на момче кое протестираше пред „Мавровка“ и упати порака до МВР:
„Ако мислите дека со апсење деца ќе постигнете нешто… размислите уште еднаш.
Внатрешна контрола да си го испита случајот со апсењето на младиот Стефан. Одговорните да бидат соодветно санкционирани, и МВР јавно да се извини за овој настан.
Во спротивно јасно ќе биде дека истиот е намерно испровоциран од полицијата и за тоа ќе следува одговорност за командните структури кога за тоа ќе дојде време. Исто така го охрабрувам младиот Стефан да покрене граѓанска постапка за надомест на штета“ – напиша тој.